Најголемата светска интернет продавница Амазон соопшти дека се зголемила продажбата на романот „Богородичната црква во Париз” на францускиот писател Виктор Иго во оригинална верзија на француски јазик, по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.
Амазон додаде дека е зголемена продажбата и на англиската верзија на романот од 1831 година.
Приказната за физички деформираниот ѕвонар Квазимодо во катедралата помогнала тогаш во реновирањето на црквата во центарот на Париз, која пред два дена ја зафати огромен пожар.
Средновековната катедрала во готски стил, Нотр Дам е една од најпознатите во западниот дел на Европа. Таа се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат речиси 14 милиони туристи и католички верници.