Татко во Босна и Херцеговина си го убил петмесечниот син оти многу плачел. Зоран М. (28) за време на истрагата признал дека од револт го фрлил бебето на креветот, кое починало како резултат на фаталните повреди.
Ова монструозно дело се случило во неговата куќа во Братунец, а убиството го признал за време на испитувањето во полиција. Како што пишуваат босанските медиуми, таткото имал психички проблеми и ќе биде испратен на психијатриско лекување.
Зоран беше уапсен од страна на полицијата поради сомневање дека на 24 март му нанел тешки повреди на своето бебе како резултат на кои тоа починало.
Бебето со тешка телесна повреда најпрвин било пренесено во болницата во Зворник, а потоа во Тузла, каде што починало на почетокот на месецот.