Кина го покани Ватикан да учествува на голем меѓународен настан за хортикултура, што ќе се одржи во Пекинг на крајот од месецот, објави кинеското Министерство за надворешни работи во средата во знак на затоплување на врските.
Пекинг ги прекина дипломатските односи со Ватикан во 1951 година поради загриженост дека независна католичка црква во Кина би можела да го загрози авторитетот на владата.
Минатата година тие постигнаа историски договор за назначување бискупи во Кина, но не ги продолжија дипломатските односи.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лу Канг, изјави дека кардиналот Џанфранко Раваси, претседател на Папскиот совет за култура, ќе присуствува на релевантни активности на Меѓународната хортикултурна изложба во Пекинг, која се отвора кон крајот на април.
Лу додаде дека Кина и Ватикан напорно работат на подобрување на односите.
Раваси во вторникот им рече на новинарите во Ватикан дека нивното присуство на настанот ќе биде дополнителен чекор на патот кон постигнување дијалог и дека Ватикан ќе има павилјон на изложбата.
На отворањето на изложбата се очекува да присуствува и кинескиот претседател.