Земјите што воведоа санкции за Москва и кои на зборови се залагаат за почитување на меѓународното право се однесуваат незаконски, поаѓајќи од претпоставката за апсолутна вина на Русија, рече рускиот премиер, Дмитриј Медведев, денеска претставувајќи го својот годишен извештај во Државната дума.
Тој посочи дека новите, нелегитимни ограничувања им се наметнати на руските граѓани и економијата под често апсолутно апсурден изговор.
Земјите кои на зборови се залагаат за почитување на меѓународното право поаѓаат од претпоставката за апсолутна вина на нашата земја, рече рускиот премиер.