Презентација на решенија за управување со отпад – во земјава годишно секој поединец создава по 350 килограми
Јавна презентација на решенијата за ефикасно управување со отпадот во Македонија ќе се одржи денеска во организација на Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за коминикациски студии.
Годишно во земјава се создаваат околу 700.000 тони отпад, односно секој човек создава по околу 350 килограми годишно.
Деведесет проценти од ѓубрето завршува на дивите депонии, за кои се проценува дека ги има околу илјада во целата држава.
Во вкупниот отпад дури 38.000 тони се пластика, а над 40.000 тони се стакло – цврст отпад за кој се потребни векови да се распадне.
Дополнително, индустриските капацитети создаваат токсични отпадни води, кои често не се пренасочени кон пречистителна станица и ја загадуваат почвата и подземните води.