Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија вечерва тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитува на Алсат.
Кандидатот подржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека доколку таа биде претседател ќе ги почитува Уставот и законите.
-Само Уставниот суд може да укине неуставни одредби од тој закон. Јас имам многу забелешки на усогласеноста на некои одредби со Уставот и со Рамковниот договор. Но се додека важи ќе го почитувам и ќе го спроведувам, рече Силјановска.
Кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река вели дека е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен јазик во земјава. Стево Пендаровски е за максимално користење на албанскиот јазик.