Гордана Сиљановска, кандидатката на Христијан Мицкоски призна дека не си ја познава државата, дека не си го познава сопствениот народ од кого денес бара поддршка.
Но уште посериозно е тоа што Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите и новинарите и бега од соочување со јавноста.
Со таквото однесување, Сиљановска го следи примерот на осудениот криминалец Никола Груевски кој со години бегаше од дебати и соочувања со јавноста и медиумите.
Сиљановска секојдневно потврдува дека не е достојна за функцијата за која се кандидира.
Кампањата веќе привршува а граѓаните од Сиљановска не видоа ниту еден конкретен одговор ниту едно решение што е во интерес на граѓаните, освен лицемерие, нечесност и неискреност.
Граѓаните го гледаат ваквото однесување на Сиљановска, а пораката ќе и ја пренесат веќе в недела, кога масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски што води напред.