Последните три месеци за 25 отсто се зголеми бројот на жените кои одат на абортус во словенечкиот град Брежице, кој се наоѓа во близина на границата со Хрватска, а причината за тоа е што во Хрватска, 60 отсто од гинеколозите одбиваат да извршат абортус, сметајќи дека тоа е во спротивност со нивната совест.
Според податоците на Центарот за едукација, советување и истражување во Словенија овој процент е три отсто, според „Индекс“.
Како што е наведено, причината за тоа е што здравствените работници во Словенија се однесуваат со почит кон жените кои доаѓаат на абортус, како и тоа што во оваа земја доаѓаат жени чија бременост е резултат на силување, додека во Хрватска во такви случаи одбиваат да им извршат абортус, иако тие имаат законско право на тоа.