Туристиката од САД, Брук Виндзор успеа да ги пронајде таткото и ќерката кои биле фотографирани пред Нотр Дам, само еден час пред да избие пожарот во катедралата.
Таа ги фотографирала пред несреќата, по што јавно замоли на социјалните мрежи да и се помогне да ги пронајде, бидејќи сакала да им ја подари фотографијата за спомен.
Како што пренесе „Би-би-си“, Брук успеала да ги пронајде, а за тоа се пофалила на „Твитер“.
„Потрагата заврши, а фотографијата дојде до нив“, наведе таа.
Семејството заблагодарило на убавиот гест.
„Благодариме за убавата фотографија, ќе пронајдеме посебно место за неа“, напшале во пораката.