Запленети околу 3 килограми марихуана кај гостиварец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.М.(44) од гостиварското село Чегране, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

На 11 април годинава полицијата извршила претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 2.820 килограми марихуана.

 

Треба да знаете
Последни објави