Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е шокирана и тажна поради автобуската несреќа на португалскиот остров Мадеира, во која загинаа и беа повредени голем број германски туристи.
Таа во соопштението им изрази сочувство на семејствата на настраданите во трагедијата, објави АП.
Најмалку 29 лица загинаа кога автобусот се лизна од патот и падна по ридот, а повеќето од жртвите беа германски туристи.
Меркел рече дека се надева дека повредените и нивните семејства ќе можат да закрепнат и од физички и од психички повреди и им се заблагодари на припадниците на португалските служби за итни случаи „кои работеа во тешки околности на местото на несреќата“.