Тотенхем после големата драма синоќа успеа да го елиминира Манчестер Сити, а лондонскиот клуб во судиското продолжение го спаси ВАР технологијата, односно поништувањето на голот на Стерлинг.
После натпреварот, пресреќен беше Маурисио Покетино кој призна дека после голот на Стерлинг разочарувањето било огромно, но за среќа ВАР го поништи голот.
„Беше неверојатно, начинот на кој се заврши. Многу сум среќен, многу сум горд. Моите играчи се херои. Многу сум среќен за нив, за навивачите“, изајви Покетино и додаде:
„Во еден момент многу работи се случуваа во главата. Разочарувањето беше огромно, но потоа ја променија одлуката. Поради тоа го сакаме фудбалот. Покажавме карактер, ова беше неверојатен натпревар“, изјави Покетино.