Рашковски по втор пат стана татко и тоа на неговиот роденден
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски по втор пат стана татко.
-Поубав поклон за роденден и не може да се добие. Денеска ни се роди Миа. Нашата керќичка, нашата принцеза. Од оваа година роденденот има друго значење“, напиша Рашковски на неговиот фејсбук профил.
Инаку, Рашковски денеска го прославува неговиот 35-роденден.
За Рашковски многу добро се знае на Правниот факултет „Јустинијан Први“ каде токму тој беше задолжен за компјутерските системи за полагање, пракса која на многу професори и не им беше омилена бидејќи немаа никакво влијание врз успешноста на студентот кој ако добро научи без проблеми може да положи. Новиот генерален секретар на Владата освен, што е професор со три магистратури и два доктората е и иноватор со повеќе правно-технолошки пронајдоци кои може директно да се применат во демократските процеси.
Професорот Рашковски е по потекло од Струмица и затоа не изненадува блискоста со новиот премиер Зоран Заев кој во својот тим одбира луѓе кои му се од доверба. Во случајот на Рашковски голема поткрепа има и неговото професионално CV кое говори за извонреден експерт во правото, но и во информатичките системи.