Тренрот на ПСЖ, Томас Тухел, го исфрли Килијан Мбапе од екипата за натпреварот против Нант.
На крајот, ПСЖ без еден од своите најдобри играчи изгуби со 2:3 и остана без титула.
Французинот беше избркан од првата постава на ПСЖ поради неговите коментари по тешкиот пораз од Лил од 5:1.
Мбапе рече дека на екипата ѝ недостигало карактер на теренот и дека момците изгледале како аматери. Потоа додаде уште некоја навреда за судијата.
По овој пораз, новинарите побараа од Тухел објаснување зошто решил да го седне Мбапе на клупа.
„Тоа е моја одлука, јас сум шеф. Не морам ништо никому да објаснувам. Ова е моја екипа и одлуката беше донесена по разговор со играчот“, одговори Тухел.