Внукот на Тито ретко се појавува во јавноста, Саша Броз му честита 46 роденден
Саша Броз на Инстаграм посвети објава на својот помлад брат Андреј кој јавноста нема можност често да го види.
“Среќен роденден, Андреј и запамети дека ја имаш најдобрата сестра на светот! Те сакам”, напишала Саша покрај нивната заедничка фотографија и отркила дека внукот на Тито слави 46. роденден.
Инаку Андреј дипломирал на еден од универзитетите во Москва и работи како консултант. За разлика од неговата сестра, тој многу малку и е познат на јавноста, па ја чува својата приватност само за себе.
Со неговата сестра е многу близок, таа постојано на социјалните мрежи објавува заеднички фотографии од детството.