Лицето М. Б. од Подгорица е уапсен под сомневање дека учествувал во шверц на 807 килограми кокаин од Венецуела во Европа, а при апсењето кај него беше пронајден пасош на Јужноафриканска Република.
Според подгорички „Дан“, полицијата од Јужноафриканска Република испитува дали случајот е поврзан со одземањето на 840 килограми кокаин пронајден во јахтата во Португалија во септември минатата година, кога бea уапсени четири лица, меѓу кои и двајца црногорски државјани, според ЦдМ.
Неколкумесечната истрага на тамошната полиција покажа дека повеќе луѓе биле вклучени во шверцот со кокаин, а не се исклучува ни можноста дека М. Б. е дел од истата криминална група која се обидела да шверцува 800 и повеќе килограми кокаин со повеќе превозни средства.