Најмалку 13 луѓе загинаа и голем број се повредени кога ѕид се урна во црква во Јужна Африка за време на велигденската миса. Службите за итна помош соопштиле дека 29 луѓе биле итно пренесени во болница по несреќата.
Локалните власти рекле дека причина за несреќата биле поројните дождови во регионот. Повеќето од жртвите се жени, а меѓу нив најмладата имала само 11 години.
Ѕидот на предната страна од црквата се урнал на почетокот на мисата, која била планирана за престојниот викенд по повод христијанскиот фестивал за Велигден.