Татко на четири деца од Британија поради кавга со жената е уапсен и завршил во затвор. Таму го чекало изненадување зошто во ќелијата цимер му бил 35-годишен маж.
Подоцна се утврдило дека Гери Мадершед цели три децении верувал дека се извлекол за силувањето на шестгодишно дете кое го извршил во 1980 година
Но во 50. година по кавгата со жената завршил во затвор и таму ја затекнал поранешната жртва која била на робија поради кражба.
Тој отпрва не го препознал, но подоцна сфатил дека тој е неговиот силувач и го пријавил на чуварите. Мадершед поради овој чин е осуден на 6 години, иако го негирал делото.
Во време на силувањето тој имал 15 години и требало да го чува детето кое го силувал. Пред самиот чин тој детето го опијанил и подоцна го натерал да молчи за нивната „мала тајна“.
Силуваното момче поради траумата тргнал по патот на дрогата, алкохолот и криминалот.