Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на средба со жителите на Вевчани повика на масовна излезност на престојните претседателки избори.
„Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сугурна иднината на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места“, рече Пендаровски.
„Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех, бидејќи има политичари кои водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи“, додаде Пендаровски.
Слоганот на неговата кампања е „Заедно Напред“, овие два збора, рече Пендаровски, значат живот и напредок во демократски и европски дом.