Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на средба со жителите на Дебарца порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.
„Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ“, истакна Пендаровски.
Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.
Претседателскиот кандидат Пендаровски повика на максимален одѕив на претседателските избори в недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.
„Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа, заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО“, повика Пендаровски.