Португалскиот остров им оддаде почит на германските туристи кои загинаа во автобуска несреќа

Португалскиот остров Мадеира им оддава почит на германските туристи кои загинаа пред два дена во автобуска несреќа. Претседателот Марчело Ребело де Соуса стигна на островот и отиде на местото на несреќата во селото Канико каде положи цвеќе.

„Дојдов да изразам солидарност со жртвите и благодарност на спасувачките служби“ рекол претседателот. Тој ги посетил и повредените во болница, по што ќе присуствува и на мисатата во презбитеријанската црква.

Причините за несреќата се уште не се познати.

Локалните власти, меѓу жртвите идентификуваа 17 жени и 12 мажи, на возраст од 40 до 60 години. Во несреќата повредени се 27 луѓе, меѓу кои 25 Германци и двајца Португалци, возачот и туристичкиот водич.

Треба да знаете
Последни објави