СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Битола осомничен за кривичното дело употреба на исправа со невистинита содржина.
Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место референт на возен парк во болницата.