Кандидатот за градоначалник од редовите на движењето „Беса”, Џемал Мена е роден во 1994 година во Охрид, каде и завршува основно образование. Средно образование и факултет завршува во Струга. Го сака родниот град, маалата Воска и Далјан, таму најчесто го минува времето, на спортските игралишта во тој дел од градот. Дел е од Советот на Општина Охрид, а негова мотивација за кандидатура на претстојните локални избори е љубовта кон родниот град.
Која беше мотивацијата да се кандидирате за градоначалничката функција во Охрид?
Мотивација ми беше љубовта кон мојот роден град, желбата за продолжување на мојот живот тука и секако реалноста со која се соочив после завршувањето на факултетот – не гледав иднина тука во мојот роден град, како секој млад човек гледав кон Запад. Сакав да направам нешто во врска со тоа, не само за мене, туку за секој друг што се чуствува исто вака.
Посочете дел од проектите што ги имате осмислено за подобрување на животот на граѓаните на Охрид, кои се клучните и крупните проекти и како би ги реализирале?
Проектите што ги имам осмислено се поврзани со обазованието, спортот, културата и здравјето. Проширување на Спортската академија на повеке локални јазици, нови детски градинки, соодветни спортски игралишта и внатрешни простории, градење на олимписки затворен базен и реновирање на постоечки спортски стадиони. Ревитализирање на Домот на културата и инвестиција на кино сала. Што се однесува на здравството, реновирање на објектот на амбулантата „Маларична” и Службата за итна медицинска помош, и особено објектот во населба Воска каде што и е сместена управата на Здравствениот дом, кои сите се во очајна состојба. Овие се некои од проектите што мислам дека би го подобриле квалитетот на животот на Охриѓаните.
Што е она што сметате дека му е најпотребно на градот, а Вие можете да го донесете доколку бидете избрани?
Моментално по мое мислење најголемиот проблем со кој се соочуваме егзодусот на младите од градот поради невработеност. Најпотребно е да најдеме начин и да им дадеме причина на младите да не го напуштат градот, од причина што тука не гледаат живот тука најблаго речено преживуваат. Се надевам дека моите планирани проекти се добар старт во тоа. Друг голем проблем со кој се соочува Охрид е претераното градење. Градот се гуши од големиот број згради што се градат во центарот и на крајбрежјето, но и во градската околина. Проблем е и застарената инфраструктура во градот, отсуство на конзистентност во градењето особеност, имиџ на градот, нерамномерната грижа за сите градски делови осносно фокусирањето на само еден дел од градот и секако запуштеноста и негрижата за некои објекти што се карактеристични за градот како хотелот „Палас”, Трговскиот центар „Амам” и многу други. Секако треба да се размилсува и во насока на изградба на нови сместувачки објекти во делот на Градската плажа, дотолку повеќе што на тој начин истовремено ќе се придонесе за поголем број туристи во градот што е од огромна важност за локалната економија, а истовремено ќе се надмине и проблемот со невработеноста на населението во тој дел од градот.