Во Кичево се е подготвено за изборниот процес за претседателските избори, вели претседателката на Општинската изборна комисија, Антигона Сефери која информира дека во Кичево утре ќе гласаат вкупно 74 болни и изнемоштени лица, односно 73 болни лица и едно лице во домашен притвор.
-Беше пријавено уште едно болно лице, но за жал како што не информираа тоа лице починало, изјави Сефери.
Нагласи дека Општинската изборна комисија во целост е подготвена за гласањето во недела.
-Формирани се сите 115 избирачки одбори на општинско ниво, материјалот за гласање е пристигнат и навреме ќе се дистрибуира, рече Сефери.
Во Кичево на претстојните претседателски избори право на глас имаат вкупно 50.296 гласачи.