Демократите од американскиот Конгрес по прване пат побараа увид во сите докази од специјалниотпосебниот истражител Роберт Милер, од неговата истрага за можно мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година.
Претседателот на Одборот за правосудство на Претставничкиот дом, Џеролд Надлер, побарал од министерството за правосудство да муго предаде целосниот извештај на Милер, нагласувајќи дека не може да прифати редигирана верзија објавена вчера, поради која на Конгресот се уште голем дел од содржината на извештајот му е непознат.
„Мојот одбор треба и има право на целосна верзија на извештајот и доказите на кои се темели во согласност со претходната пракса. Се чини дека редигирањето е значајно. До сега не сме виделе никакви вистински докази, кои посебниот истражител ги утврди во овој случај“ рекол Надлер.