Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ вкрстено го испрашуваше сведокот Звонко Костовски. Претходно Костовски одговараше и на прашањата на обвинетата началничка, Надица Николиќ.
Мијалков побара од судот да презентира фотографија од салата каде што бил системот за прислушување, за да разрешат некои дилеми, но ме му беше дозволено, па Мијалков кон обвинителите од СЈО искоментира: „Ова е и за вас, и вие да не бидете манипулирани“.
Поранешниот директор на УБК му забележа на Костовски дека толку долго работел во МВР а не знаел да одговори кој и за што формирал работни групи и комисии. На прашањето пак дали под професионален однос со колегата Ѓорѓи Лазаревски, мисли на копирање и предавање на материјали на структури надвор од УВК, сведокот одговори дека под професионален однос со Лазаревски мисли на нивната заедничка работа, на работни задачи во УБК.
Во неколку наврати Мијалков го прашуваше сведокот дали има докази за тоа што го зборува, на што Костовски му одговори дека тоа не е негова работа.
На прашање дали видел или слушнал барање од директорот на УБК, за маркирање за следење на
одредено лице, Костовски рече дека не се сеќава.
-Значи вие сведочите на рекла кажала? рече Мијалков и праша дали може да обезбеди такво барање. а Костовски со контра прашање „во кое време да го обезбедам таков документ? Во минато?”, праша Костовски.
-Не во идно”, а сведокот му рече: „ Да не ја уништевте опремата сега ќе имаше докази“!
Екс директорот го праша својот некогашен вработен и како знаел дека корисничкото име „дир“ било за директорот?
Сведокот појасни дека сите кориснички имиња почнувале со првите букви од имињата или иницијали на корисниците, па затоа и дир значело директор. Тогаш Мијалков рече:„ Од каде знаете може и тоа е име, на пример Диркан, по што настапи општа смеја во судница.