Забележана е нова ерупција на вулканот Асо во јапонската префектура Кумамото, објави Метеоролошката агенција на Јапонија.
Ова е втора ерупција на вулканот Асо оваа недела, објавува ТАСС.
Локалните власти ги предупредија граѓаните да се држат подалеку од вулканот.
Засега не е пријавено никакво нарушување на воздушниот сообраќај.
Со висина од 1592 метри, вулканот Асо е еден од најголемите вулкани во светот.