Канидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека овие избори се шанса за граѓаните да изберат економски напредок и безбедна држава.
„В недела вие со вашиот глас одлучувате за сопствената иднина, за сигурна иднината на нашите деца и за стабилна иднината на нашата држава. Овие избори се многу важни. На овие избори имате шанса да ја запечатите промената и да потврдите дека сте цврсто определени да продолжите напред“, рече Пендаровски.
Тој истакна дека изборот е јасен и недвосмислен.
„Од една страна можете да гласате за Сиљановска и со тоа да гласате всушност за Груевски и Мицкоски. Со тој глас вие гласате за враќање назад, за нови поделби, блокади и изолација. Или, пак, да гласате за мене и да ги поддржите политиките на единство, мир, стабилност и сигурен економски напредок“, истакна Пендаровски.