Кремаст колач со чоколадо и ореви.
Потребно е:
Состојки за тестото:
6 белки
200 г шеќер во прав
200 г мелени ореви
4 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
За филот:
6 жолчки
200 г шеќер во прав
200 г чоколадо за готвење
150 г путер
За глазурата:
200 г слатка павлака
1 лажица мед
1 лажица шеќер во прав
250 г чоколадо за готвење
30 г путер
Подготовка:
Најпрво подгответе го тестото:
– Белките изматете ги во цврст шлаг и постепено додавајте го шеќерот во прав.
– Измешајте ги претходно брашното, оревите, прашокот за печиво и додадете ги заедно во шлагот. Мешајте со дрвена лажица.
– Тестото сипете го во тава обложена со хартија за печење.
– Печете во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени 15 минути.
Потоа подгответе го филот:
– Жолчките и шеќерот во прав варете ги на пареа.
– Кога смесата ќе почне да се згуснува додадете во неа 200 г растопено чоколадо и 150 г путер. Варете уште 8 минути.
– На оладено тесто премачкајте врел фил.
И на крајот подгответе ја глазурата:
– Во едно тенџере на рингла загрејте ги павлаката, медот, шеќерот во прав до точка на вриење, но не смее да проврие.
– Во друг сад растопете го чоколадото за готвење со путерот. Во ова сипете ја горната смеса и убаво измешајте.
– Ова прелијте го преку оладениот фил.
– Оставете моцарт-коцките убаво да се изладат пред да ги сервирате.
– Одозгора моцарт-коцките можете да ги украсите со шлаг.