Двајца гостиварци платиле сметка во кафеана со фалсификувани 100 евра, утврдила полициската истрага.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Е.(24) од село Добридол и Ч.И.(21) од село Топлица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување пари и измама.
Според полицијата, двајцата на 2 март лани во угостителски објект во Гостивар, платиле сметка со фалсификувана банкнота од 100 евра.