Уште една правосилна пресуда за неовластено преземање фотографија од интернет

Основниот суд Скопје 2 Скопје донесе втора пресуда со која утврди дека македонски веб-портал спротивно на Законот за авторското право и други сродни права објавил фотографија од познат балкански рок-музичар, објави веб порталот Академик.

Како и во предметот за првата пресуда, и во овој случај се работи за фотографско дело на тужителот кој го фотографирал рок-музичарот за време на неговиот концерт.

Во пресудата која е правосилна се наведува дека со изложувањето на фотографијата веб-порталот сторил повреда на материјалното и моралното право на тужителот како автор на неговото авторско дело.

„Авторското право е единствено право и неразделно од авторското право на тужителот. Ова дотолку повеќе што тужениот во статијата објавена на неговата веб страница со изложување на фотографијата создадена од тужителот истата е ставена на располагање на јавноста, без притоа да склучи писмен договор со  тужителот како автор на фотографското дело за да истото со согласност со тужителот биде пренесено на друго лице во конкретниот случај со тужениот. Со ваквото дејствие на тужениот судот цени дека во конкретниот случај сторил повреда на правото на тужителот која заштита е предвидена во чл. 26 од ЗАСП“, се вели во пресудата на Граѓанскиот суд.

 

Треба да знаете
Последни објави