Единица со 300 војници од француската армија и од Легијата на странци се очекува да пристигне следната недела во естонскиот град Тапа, на само 140 км од руската граница, информира француската амбасада во Талин, пренесува „Спутник“.
Трупите ќе останат во Естонија до крајот на август како дел од мисијата FRA-EFP LYNX, која има за цел да го зголеми присуството на Алијансата во регионот.
Париз, исто така, ќе распореди пет тенкови „леклерк“ и 20 пешадиски борбени возила, вклучително и 13 VBCI, француска верзија на повеќенаменските оклопни возила (MRAV). Тие ќе бидат транспортирани во Естонија со железница.
Ова не е првпат француските сили да бидат присутни во Естонија, а во Тапа престојуваа десет месеци во 2017 година. Покрај тоа, во 2018 година француските воздухопловни сили патролираа во естонскиот воздушен простор во рамките на мисијата за балтичка воздушна безбедност на НАТО.
Ова распоредување е придонесот на Франција во зголеменото присуство на НАТО во балтичките држави и во Полска. Нивните војници ќе ги заменат белгиските единици кои служат со британската воена група предводена од НАТО во Тап.
Обединетото Кралство таму има распоредено 20 тенка „челинџер-2, како и 30 IFV . Покрај тоа, неодамна испрати пет хеликоптери „апачи“ во Амари во Естонија за зголемено присуство на НАТО долж границата на Алијансата со Русија.
Единиците ќе учествуваат на годишната вежба „Пролетна бура“ во Естонија, во која ќе учествуваат 10.000 војници и која треба да почне на 29 април. Присуството на НАТО годинава ќе се зголеми и во Балтичкото Море пред поморските вежби „Балтички заштитник“ и БАЛТОПС.
Москва во неколку наврати изрази загриженост во врска со активностите без преседан на НАТО и зајакнувањето на неговото присуство во регионот наведувајќи ја кко причина наводната руска закана. Кремљ претходно изјави дека Русија никому не претставува закана, но нема да ги игнорирапотенцијално опасните активности.
Велика Британија, Канада, Германија и САД предводат мултинационални борбени групи, дел од зголеменото напредно присуство на НАТО (ЕФП) во Источна Европа. НАТО се согласи да создаде напредно присуство во регионот на самитот во Варшава во 2016 година .
Алијансата значително го засили своето присуство во близина на Русија по кризата во Украина во 2014 година, распоредувајќи борбени групи, организирајќи големи вежби и распоредувајќи извиднички авиони и беспилотни летала долж границата.