Илјадници христијански верници и свештеници одеа денес низ древните улици на Стариот град во Ерусалим, следејќи го патот на Исус до распнувањето на Велипеток, според новиот грегоријански календар.
Верниците носеа дрвени крстови на рамењата и пееја во чест на претстојниот, најголем празник на христијанството, Велигден, објави АП.
Годинашниот Велипеток и еврејскиот празник Пасха создадоа свечена атмосфера во Ерусалим.