Најдобриот тим од Западната конференција и бранителот на шампионскиот трофеј во НБА-лигата, тимот на Голден Стејт рано утрово триумфираше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со резултат 132:105 и поведе со 2-1 во осминафиналето од плеј-офот.
Водство од 2-1 во победи ноќеска обезбедија и Филаделфија и Сан Антонио.
Резултати на другите два натпревара играни ноќта меѓу четврток и петок:
Бруклин – Филаделфија 115:131
Сан Антонио – Денвер 118:108.
Предност со 2-0 во серијата прв до четири победи во 1.коло од разигрувањето за титулата имаат Милвоки против Детроит, Бостон над Индијана, Портланд против Оклахома и Хјустон во пресметката со Јута.
По две средби кај последната осминафинална двојка која ја сочинуваат Торонто и Орландо, резултатот е изедначен 1-1.