Холивудската актерка Шарлиз Терон (43), која посвои две деца, ќерката Аугуста и синот Џексон, откри дека седумгодишниот Џексон го воспитува како девојче. Таа откри дека кога имал три години Џексон ѝ кажал дека не се чувствува како момче, па сега таа подига две убави ќерки.
„Ете! И jaс мислев дека е момче. Сè додека не ме погледна на тригодишна возраст и ми рече: ‘Јас не сум момче!’” изјави актерката за „Дејли мејл“.
Таа истакна дека нема да се меша во животот на својата ќерка, бидејќи се „најде” себеси.
„Како родител, мојата работа е да прославувам со нив, да ги сакам и да им дадам сè што им треба за да бидат она што сакаат да бидат”, рече таа и продолжи:
„Јас ќе сторам сé што е во моја моќ за да децата ги имаат правата што им припаѓаат.