Данил Медведев стави крај на учеството на Новак Ѓоковиќ во „Мастерс” турнирот во Монте Карло.
Русинот го светскиот рекет бр.1 со 6:3, 4:6, 6:2 во четвртфиналето и за место во финалето ќе спори со сонародникот на Ноле – Душан Лајовиќ, кој претходно денеска го победи италијанскиот квалификант Лоренцо Сонего во два сета.
Русинот ја забележа првата победа против Ѓоковиќ откако досега имаше 3 порази од 31-годишниот Србин.
Медведев го добил својот единствен натпревар досега со својот следен ривал Лајовиќ – 6:2, 6:1 во Москва минатата година.