Ајнтрахт Франкфурт ги продаде сите билети за домашниот натпревар против Челзи од полуфиналето во Лига Европа. Тоа се случи само неколку часа по елиминацијата на португалска Бенфика во второто по сила европско клупско натпреварување.
– Патувањето продолжува. Она што го направи нашиот тим, е навистина неверојатно. Навивачите помогнаа за создавање на оваа атмосфера во исклучителната европска вечер за нас. Се претставивме многу силно, прокоментира тренерот на германскиот тим, Ади Хутер.
Стадионот „Комерцбанк Арена” во Франкфурт е со капацитет од над 51 илјади места.
Првата средба меѓу Ајнтрахт и Челзи е на 2 мај во Германија.
Во четвртфиналето „орлите” од Франкфурт ја отстранија Бенфика по вкупен резултат 4:4 и повеќе постигнати голови на гостински терен.