Јапонија ќе го покани американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја посети земјата од 25 до 28 мај, изјави во петокот највисокиот портпарол на владата.
За време на својата посета Трамп ќе се сретне со новиот император и царицата на Јапонија, како и со премиерот Шинзо Абе, рече на прес-конференција главниот кабинетски секретар Јошихиде Суга.
Трамп и Абе ќе дискутираат за трговијата меѓу двете земји, а посетата ќе служи и за зајакнување на односите меѓу двете земји сојузнички, додадоа од Белата куќа.
Трамп повторно ќе ја посети Јапонија во јуни кога ќе присуствува на Г-20 самитот во Осака.
Абе и неговата сопруга ќе ја посетат Америка на крајот на месецов.