Реалити ѕвездата Ким Кардашјан (38) доби понуда за работа во адвокатската фирма на Роберт Шапиро (76). Овој познат адвокат соработуваше со нејзиниот покоен татко Роберт Кардашјан на судењето за убиство на О. Џ. Симпсон. Тој ги пофали квалитетите на Ким за кои рече дека ќе дојдт до израз кога ќе почне да работи како адвокат.
Кардашјан секогаш била заинтересирана за кривичното право, а нејзиниот татко, Роберт Кардашјан, кој почина во 2003 година, бил познат американски адвокат.
https://www.instagram.com/p/BwZUSKoj_9d/?utm_source=ig_web_copy_link
„Ким има сè што е потребно за да стане добар адвокат. Откако ќе го положи испитот, вратата ѝ е отворена во нашата компанија – рече Роберт Шапиро, пренесува ТМЗ. Тој додаде дека пред неа е долг и тежок пат и постои веројатност за неуспех.
Реалити ѕвездата поминува неколку месеци учејќи 18 часа неделно, како вистински студент. Ким сака да го положи правосудниот испит и до 2022 година да стане адвокат.