Во јужната кинеска провинција Гуангдун, пронајдена е гробница стара 13.500 години, во која бил погребан женски труп во склопчена положба.
Телото најверојатно припаѓа на девојка на возраст меѓу 13 до 18 години, која била осакатена.
Станува збор за најстарата гробница досега пронајдена во Кина, објави агенцијата В4НА.
Главниот археолог одговорен за ископување на урнатините во оваа област верува дека телото било намерно положено во гробот во посебна положба.
Алатките пронајдени во гробницата покажуваат дека погребни ритуали постоеле дури и во античкиот период, додава тој.
Необичната позиција на телото сугерира дека во тоа време биле присутни примитивни верски убедувања.
Слични гробови се веќе пронајдени во јужна Кина и Југоисточна Азија.
Сепак, во северна Кина, мртвите се закопувани легнати на грб, со испружени раце и нозе.
Археолозите допрва треба да го објаснат значењето на склопчената положаба на женскиот труп, но според некои експерти, девојката била ставена во позиција на фетус.
Нејзиното тело е обезглавено, а причината за ова сè уште се истражува, рече главниот археолог.