Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, позитивни резултати во економијата, соопшти владејачката партија.
„Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата исплатена во февруари 2019 изнесува 24.192 денари, односно поголема е за 4.5 отсто во споредба со истиот месец во 2018 година.
Трендот на зголемувањето на платите продолжува и во иднина и тоа во сите сектори, а со тоа се овозможува повеќе пари да остануваат за граѓаните, повеќе пари во секое семејство.
Овие податоци се потврда за дел успешноста на економските политики и реформи на Владата предводена од СДСМ, коишто ја стабилизираа економијата и и дадоа позитивен раст.
Со интеграцијата на земјава во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ, се очекува уште поголемо зголемување на инвестициите, отворање на нови фондови, со тоа и зголемување на конкурентноста на македонската економија“ се наведува во партиското соопштение.