Најмалку три лица настрадаа во вториот бран торнадо што го погоди јужниот и средниот запад на САД, изјавија денеска властите.
Едно лице загина откако падна дрво врз автомобил во реонот Нешоба во Мисисипи вчера попладне, јавија локалните медиуми.
Вториот смртен случај е во областа Сенет Клер во Мисисипи, кога доцна синоќа паднало дрво врз куќа. Третото лице настрадало во општината Ватсвил, северно од Пел Сити, во Алабама, исто така по паѓање дрво врз куќата.
Минатиот викенд во невремето настрадаа пет лица, меѓу кои три деца.
Централни делови на Тексас и западна Луизијана, кои минатиот викенд беа погодени од торнадо и поплави, повторно се зафатени со силни ветрови и дождови и град со големина на јајце.
– Силна бура со грмотевици ќе го зафати јужниот и југоисточниот дел на САД, Џорџија и Флорида, пред да стигне до Атланскиот брег, изјави метеорологот Боб Оравец.
Мајн, Њухемпшир и Масачусетс утре може да бидат повторно поплавени.
Рано утрово без струја останаа 91.800 домови и деловни згради во Тексас, Мисисипи, Алабама и Тенесиј.