Шеснаесетодишно момче и бебе на возраст од 11 месеци со тешки компликации од морбилите се борат за својот живот на скопските клиники. Момчето има церебрална парализа. На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективна вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, тројца од нив биле задржани на лекување.
Бебето е хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Дише со помош на апарати.
Досега со мали сипаници заразени се над 1.000 лица, надлежните прогласија епидемија на ниво на цела држава, а од понеделник почнува теренска вакцинација во училиштата.