Затвореник добил пакет со марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Штип, затвореник во прилепскиот затвор, информираше МВР.

Тој се товари за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.

-На 18. 12.2018 година во Прилеп, во Казнено-поправната установа „Затвор – Прилеп“, при преглед на пакет наменет за пријавениот била пронајдена и одземена марихуана,велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави