Швајцарскиот производител на часовници Ролекс по четврти пат по ред е прогласен за најпрестижна компанија во светот.Оваа награда се доделува од 1997 година, а листата на 100 најугледни компании е составена од Институтот за репутација од Бостон.
И оваа година, Ролекс зад себе ги остави добро познатите компании како што се ЛЕГО, Волт Дизни, Адидас, Мајкрософт, Сони, Канон, Мишелин, Нетфликс и Бош.
За да дојдат до овие резултати, истражувачите од Институтот за репутација од Бостон анкетирале повеќе од 230.000 лица во 15 земји низ светот.
Компаниите кои се разгледуваат да влезат во листата, обично имаат приход поголем од 50 милијарди долари годишно, присуство во сите анкетирани земји и брендот да го познаваат барем 40 проценти од популацијата.