Лондонската полиција денеска соопшти дека уапсила 718 учесници на протестите против климатските промени, кои изминативе денови во неколку наврати ги блокираа сообраќајниците во Лондон.
Организатор на протестите е здружението за заштита на природата „Бунт против изумирањето”, кое се залага за намалување на емисиите на штетни гасови и за спречување на климатски промени.
Активистите на движењето изминатава недела го попречуваа движењето на сообраќајот низ Лондон, блокирајќи повеќе клучни сообраќајници, како улицата „Оксфорд Сиркус”, мостот „Ватерло” и реонот околу Триумфалната порта.
Полицијата соопшти дека нема да ги забрани протестите на активистите против климатските промени, но нагласи дека ќе им биде дозволено да протестираат само околу Триумфалната порта.