Во општина Врапчиште денеска избирачкото право го искористија девет граѓани од кои четворица болни и пет кои се во домашен притвор.
Претседателот на ОИК Врапчиште Имер Ќазими потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател.
На престстојните избори во Избирачкиот список на терторијата на Општина Врапчиште се запишани 25.594 граѓани со право на глас кои утре ќе гласаат на 39 избирачки места.
Избирачкото право денеска во општина Гостивар ќе го искористат 17 граѓани кои заради здравствени пречки или изнемоштеност се пријавиле во општинската изборна комисија и им се прифатени барањата.
Претседателот на ОИК Гостивар, Мустафа Муслиу потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател.
– Четири лица кои се во притвор не се пријавија за гласање, а едно лице не ги исполни условите за да гласа денес. Сите услови за непречено гласање се обезбедени, рече Муслиу.
На претстојните избори во избирачкиот список запишани се 79.411 граѓани со право на глас.