Во тетовските општини Желино и Боговиње нема пријавени лица кои поради болест или изнемоштеност денеска би гласале од дома.
-Во општина Боговиње не се пријавиле болни и изнемоштени лица, па денеска таму нема такво гласање, соопшти претседалот на Општинската изборна комсија, Бекир Бекири.
Во општина Јегуновце до 15 часот гласале 21 лице од 22 пријавени. Во Општина Брвеница три лица го оствариле своето право на глас. Во општина Теарце имало шест гласачи, додека во Општина Тетово од пријавени 14, гласале двајца.
Во шестте општини на тетовскиот регион утре на претседалските избори можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани на вкупно 265 избирачки места.
Во општина Тетово, има 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во Боговиње има 27.501 гласачи и 38 избирачки места. Во Желино општинска изборна комисија има 23.510 гласачки ливчиња, а бројот на избирачки места е 35.
Теарце брои 22.116 гласачи и 30 избирачки места. Во Брвеница има 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.268 граѓани. Во општина Јегуновце се регистрирани 10.171 гласач и 21 избирачко место.