На 19.04.2019 година во 17.35 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „југо“, што го управувал А.М.(37) од Скопје и автомобил „пежо 307“ управуван од М.А.(32) од Скопје.
По незгодата М.А. и сопатниците од „пежото“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди.
Додека, кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Фото: ТВ 21