Вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.